Цинична насмевка, три слатки збора, и јамка околу вратот.
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТУРА ВО „ФАМИЛИЈАТА“ НА ДОН ЗАЕВ
Ја видовме на ТВ познатата расипана цинична насмевка на дон Заев, ги чувме неговите три слатки збора за Стојко Пауновски (му бил пријател, бил многу добар и стручен, ама законите мора да се почитуваат), но, како што рече, „имало и некои сериозни аргументи“ од вработените во Државниот пазарен инспекторат, па, како што тоа се прави во сите добро уредени демократии, каква што е и македонската, дон Заев изјави дека за судбината на Пауновски нема да одлучува тој самиот, туку владата. И така дон Понтиј Заев Пилат пред македонската јавност си ги изми своите неолиберални социјалдемократурски раце, а, се разбира, веќе порано подготвената јамка за директорскиот врат на Пауновски, што неколку дена разбеснет ја влечкаше уредно спластрена во десниот џеб од сакото, не ја изваде пред македонската јавност, туку тоа го стори „префинето“, како што може и како што знае само дон Заев, дури на седницата на владата, за да се испочитува, нели, демократската процедура на пренесување на одговорноста врз другите. И тогаш пресудата можеше и официјално да биде изречена. Со оглед на познатата леснотија и ефикасност на таа багра во донесувањето идиотски и, за граѓаните на Македонија апсолутно штетни одлуки, пресудата беше брзопотезна, кратка и јасна: Пауновски е разрешен од местото директор, а дон Заев на своите безбројни ќутенка-трпенка војници по партизираните јавни претпријатија им испрати недвосмислена, заканувачка, невербална порака: против мене, капиши, против моите глупости и свинштини не смее да се буни никој, ниту пак да бекне нешто, капиши, зашто веднаш „ќе игра“ мојава мрсна „социјалдемократска“ јамка, капиши.
Во светот на мафијата тоа е секогаш така: босот е господар на своите подредени војници, и, како што рече дон Заев, не можеш да му се спротивставуваш на оној што те вработил. Па тој самиот тоа најдобро го знае, зашто него си го вработиле големоалбанските босови од Мала Речица и од околните села, и тој, како нивно уценето бедно војниче мора беспоговорно да ги слуша и да ги спроведува сите нивни етно-фашистички наредби, особено наредбите на својот вистински, големоалбански, психотичен Oberführer и надпремиер Артан Груби, и не дај Боже да му се спротивстави. Дури и самиот Заев, сосема разголувајќи се онака расколниковски, изјави дека никој тоа не му го наметнал, и оти тоа е само негова одлука, зашто, како што повтори, законот мора да се почитува. Ок, апсолутно му веруваме. А, на крајот од краиштата, и што воопшто реално му значи на дон Заев некојси таму Стојко Пауновски наспорти 35-те нови партизирани рамковни војници во Државниот инспекторат, во кој веќе над 40% од вработените се етнички Албанци. Море, не Стојко, ами ако треба (а ќе треба!) „јамката“ ќе работи и за поголеми ѕверки во „социјалдемократската фамилија“ на Заев(и).
И сега се поставува прашањето дали поради сево ова што му се случило на побунетиот Стојко Пауновски би требало да го жалиме? Навистина, тој малку првна, малку претна, малку се крена, алал да му е, но тоа е премногу ситна жртва за да се смета за големо херојство и страдалништво. Дотолку повеќе што веднаш потоа кога се случи тоа што за сите, па веројатно и за него самиот, беше сосема очекувано, т.е. разрешувањето, како што нагалено го наречуваат грубото и беспоговорно сменување, тој помирливо си се посипа со пепел со библискиот цитат „простете им, не знаат што прават“, релативизирајќи го, за жал, и евидентно искажаниот отпор на мнозинството вработени во ДПИ. Но, господине Пауновски, како тоа мислите „не знаат што прават?“ Па, тие се професионални гангстери, тие многу добро знаат што прават. Тука не е во прашање никаква стручност или нестручност на тие рамковни синекуранти, ниту е во прашање недостиг од простор, столови и работни маси, како што велите – тоа едноставно е чисто насилство, криминално, заевско-сдсмовско-големоалбанско безочно насилство, противно на здравиот разум, и кога веќе по сила на околностите се најдовте во таква мачна ситуација, тоа требало јавно да го кажете наместо да ја загладувате работата, зашто и самиот многу добро знаете дека сето тоа е токму така. Но, и покрај вашиот помирлив тон и правчето и пепелчето што се крена со вас и околу вас, дон Заев сеедно ова нема да ви го прости. Таа недисциплина, таа непослушност кај него нема да можете да ја поправите. Во „фамилијата“ тоа едноставно не оди така. Затоа, кога веќе излеговте во преден план, требало да одите до крај со јасна, енергична и недвосмислена осуда на сето тоа што се прави. Признавам, заевизмот ви тресна силна шлаканица та малку се расонивте, и тоа е супер, но додека не се разбудите сосема, и додека сите оние послушници што дон Заев ги насадил по јавните претпријатија не се соземат и не се искорнат од морбидниот заевски сон, и енергично и сите заедно, единствени, не му се спротивстават на тоа незапомнето заевско-големоалбанско лудило, против таа диктатура, против тој невиден аналфабетизам и дилетантизам во сите сфери, и против тоа најприземно силеџиство над државните јасли, што значи над егзистенцијата на секој граѓанин на Република Македонија, дотогаш само одвреме-навремне ќе имаме вакви пуф „вентил-случаи“ за истишување на преголемата, престравотна и премачна национална напнатост и бес што врие и што клокоти во луѓето.
29 април 2021, Facebook.com /Aldo.Kliman/
Социјалдемоктратура во „фамилијата“ на дон Заев
29 април 2021, Denesen.mk
Социјалдемоктратура во „фамилијата“ на дон Заев
https://denesen.mk/aldo-kliman-socijaldemokraturata-vo-familijata-na-don-zaev/