25 јули 2018

 

ЗАЕВШТИНАТА - лексикон на најцрни поими во македонската историја

 

Секој диктаторски и авторитарен режим органски произведува соодветна номенклатура и терминологија според кои станува трајно политички и национално општопрепознатлив во своето време и како таков останува во општа, научна и колоквијална употреба за вјек и вјеков.

Се разбира, сосема е вообичаено самиот диктаторски, авторитарен, кримоген и предавнички режим да си мисли сѐ најубаво за себеси, и прави сѐ во таква розова светлина да ѝ се прикаже на својата јавност и на останатиот свет, но народот врз кој таквиот режим на секој начин се изживува, има и очи, и уши, и ум, и сопствена кожа на која најдиректно ги чувствува грубите и ужасни последици од ненародната, безочна диктатура, бесрамните лаги и правното, психолошко, полициско, медиумско и антимедиумско, криминално и секакво друго насилство и измама, а цивилизираниот надворешен свет, пак, има крајно развиени сетила и усовршени сензори кои непогрешливо го детектираат безобѕирното газење на човековите права и слободи, криминалното газење на законите и на правната држава во целост, грабежот, и воошто обезвредувањето и поништувањето на сите општоцивилизациски и општоприфатени хуманистички и општествени стандарди.

Таков е случајот и со поимот ЗАЕВШТИНА, кој истовремно ги означува начинот на владеење на квислиншкиот премиер Зоран Заев и на неговата бедна клика, но и него самиот како апсолутен синоним на тој нов, органски создаден политички поим со придружната терминологија.

Денес, по сиот овој национален трагизам, понижување и лудило што ни се случија и што и натаму ги проживуваме од моментот на хистеричното меѓународно и „шаренореволуционерно“ инсталирање на власт на Зоран Заев, нема ниту еден граѓанин на Република Македонија на кој не му се предобро познати сите црни, подмолни и гнили слоеви на значењето и смислата на ЗАЕВШТИНАТА, на тој апсолутно најмрачен поим во историјата на македонскиот народ.

Од таа и таква свест не ги изземам ниту сите оние што од првиот ден до денес (и натаму) се наоѓаат во истиот спобудален заевски „шарен“ вагон што се откачил од компактната, логична, и цврсто поврзана национална композиција и сега, „управуван“ од еден беден политички дилетант со луда насмевка на лицето и во очите, преку живи и мртви, преку ниви, ридови, реки и долини, преку човечки судбини, преку целата национална културна и политичка историја, преку идентитетот и името на македонскиот народ и на Република Македонија безумно понижува, гази, дроби и уништува сѐ и, надвор од каква и да е цивилизациска и национална контрола, неповратно се тркала кон најдлабок и најцрн понор. Имено, тие што така пијано, весело, размавтано и победоносно и натаму патуваат со него во тој „шарен“ изгубен вагон, со сите сосема разлабавени и разнишани тркала и оски, или имаат подеднаква луда насмевка на лицето и во очите како и нивниот горе спомнат беден политички дилетант и „лидер со европски манири и со европско знаменце“, или воопшто не сфаќаат дека ознаката „продукт за краткотрајна употреба!“ со црни мрсни букви напишана на челото на Зоран Заев не е само меѓународен маркетиншки трик - туку вистинско и објективно предупредување за истекот на рокот на една опасно расипана квази-политичка антидржавна и антинационална стока.

Од друга страна, големо-грчко-албанско-бугарските, како и некои други заинтересирани меѓународни фактори и „најголеми лични пријатели“ на Заев, длабоко вплеткани во „решавањето на македонското прашање“, математички апсолутно прецизно знаеја и знаат со каков ништожник, лудак и неранимајко имаат работа, така што и за сите нив поимот ЗАЕВШТИНА значи сосема исто што и за секој од нас, за секој обичен македонски човек, за секој македонски граѓанин и за секој македонски патриот: т.е. значи најцрн и најбеден ПРЕДАВНИК! Само што на тие меѓународни и внатрешни мршојадци и ограбувачи на македонскиот народ и на нашата татковина Македонија токму тој и таков Заев им беше потребен за да ги спроведат своите фашистоидни, неоколонијалистички и ништителски агенди против македонскиот народ и против Република Македонија. Дури и да го немаше тој и таков Заев - ќе го измислеа (и го измислија)! За жал, многу добро се сеќаваме како во моментот на неговото насилно инсталирање на власт во Македонија сите тие, од острвените бугарски и грчки политичари, преку збеснатите домашни и надворешни големоалбански политичари и политичарчиња, до разни меѓународни бејлиевци, хоттиевци, ханови, могериниевки, жбогари, столтенберговци и кој сѐ не од таа организирана меѓународна атимакедонска пресвртничка клика егзалтирано повторуваа: Ова сега е историска шанса! Сега е вистинскиот историски моментум! Сега или никогаш!

А зошто така хистерично скокаа до небо од радост и егзалтација?! Па само затоа што на сите ним им беше апсолутно јасно дека светската велепредавничка ѕвезда Зоран Заев е родена и оти дојде тој „моментум“ што бескрупулозно и безмилосно ќе го искористат, своето смртоносно антимакедонско сечило насилно да го заринкаат до коската и до сржта на македонскиот народ!

Но, иако сево ова што го проживуваме со ЗАЕВШТИНАТА и (не)човечката мизерија на самиот Заев е воопшто најголемото национално искушение во севкупната историја на Македонија, на македонскиот народ и на сите граѓани на Република Македонија, судбината на тие и такви неранимајковци и уличарски насилници е бедно да завршат на цивилизациското буниште и, како што би рекол неговиот неразделен големоалбански побратим Али Ахмети: „Чекавме повеќе од една година (читај: цел век!), па ќе почекаме уште малку“ црвливиот квислинг Заев да ни се тргне од пред очи и да ја ослободи нашата татковина од црните пранги на своето невидено предавничко лудило, од диктаторскиот одмазнички бес и мизерен комплот со најголемите непријатели на македонскиот народ и на Република Македонија.

Поимот ЗАЕВШТИНА е апсолутен синоним за низа (едноставни или зборовно проширени) поими и лични имиња, од кои овде донесувам само еден мал илустративен дел, зашто опсегот на нивната трагична смисловна и значенска вмреженост е огромен, и со времето природно ќе си се испишува до крај во сите насоки и на сите рамништа. Ги наведувам тие поими, не по азбучен ред, туку систематски, според нивната неизмерна тежина од национален, историски, правен, културолошки, етички и морален аспект, всушност, онака како што веќе денес сосема оправдано се користат и како што засекогаш во иднината ќе се користат во науката, во медиумите и колоквијално во секојдневниот живот, и не само во Македонија, туку и во целиот цивилизиран свет. Па дури и ако се случи во некоја подалечна (бледа, рамнодушна) иднина, кога ЗАЕВШТИНАТА ќе остане запомнета само како морничав дел од најпотресното црно минато на македонскиот народ и на сите граѓани на Република Македонија, етичкиот и професионален кодекс во науката или во медиумите некои од тие заевштински лексиконски поими да ги еуфемизира за поедноставна официјална употреба, денес, токму сега кога од час во час врз сопствената кожа најболно и најдраматично ги чувствуваме во нивната спобудалена, најсирова и најсурова брутална, понижувачка појавност, приземна разголеност и насилна безобѕирност - ги донесувам токму такви: сликовито угол голи, груби и сосема вистинити, па, за жал, дури и црнохуморни.

Во морбидниот политички лексикон на ЗАЕВШТИНАТА, што секојдневно го испишуваат горчливи, болни и навредливи настани, поединечно и по име и презиме ќе бидат наведени и сите оние што денес, како најбедна, поткупена предавничка заевска камарила, во владата, во парламентот, во таканаречените невладини организации, во пропагандното гебелсовско новинарство, во македонското подземје, и особено во судството, како ступидни марионетки, безпоговорно, капиларно го спроведуваат во живот морничавиот велепредавнички проект на политичкиот лудак Зоран Заев.

 

КРАТОК (ВОВЕДЕН) ПОЈМОВНИК НА ЗАЕВШТИНАТА

 

Зоран Заев = црн велепредавник, хулигански „шаренореволуционерен“ фрлач на бои и чинител на штети врз имотот на Република Македонија, пучист, квислиншки премиер, аболиран криминалец, подлизурко и вовлекувач во „зад..кот“ на домашните и меѓународни непријатели на македонскиот народ, безобѕирен лажливец и обичен, аморален политички и изборен измамник, ништожен политичар, уценет од разни интересни внатрешни и меѓународни фактори и поединечни лица, политички дилетант чии „аргументи“ со кои ја уверува јавноста во некоја од своите многубројни подмолни лаги се всушност најобични „заколнувањ“ дека никогаш нема да стори нешто што, меѓутоа, веќе утредента без срам и перде го прави; човек што ги креира најмрачните страници на македонската историја

Радмила Шекеринска = црн велепредавник и НАТО-карикатура што „ќе седи на иста маса со големите“: Слонот и Глувчето ќе „татнат“, трчајќи преку мостот; лева и десна рака на квислингот Зоран Заев; црн русофоб

Никола Димитров = црн велепредавник и дипломатска капитулантска карикатура, тотално неспособен политичар, чиешто име стана светски синоним за поимот „апсолутно дипломатско фијаско“

Велепредавство = Зоран Заев ги помести сите, па и оние најрадикални значења на поимот велепредавство, невидено во светските и во општоисториски размери; за само една година хистерично квислиншко владеење безочно ги распродаде македонскиот национален идентитет, името Македонка, Македонец, македонскиот јазик, македонска култура и сето македонско културно наследство, македонското национално и политичко минато, македонското национално достоинство им го фрли под нозе на осведочените најпримитивни мрзители, непријатели  и понижувачи на македонскиот народ и на сѐ што е македонско, а процесот на целосната деструкција и декомпозиција на државата Република Македонија го приведува кон конечен крај и целосно исчезнување од светската мапа на народите и државите со нејзино чиновнички бесчувствително административно самоукинување по пат на неуставен референдум за промена на името на Република Македонија, и со незаконски одлуки на најминималното парламентарно мнозинство во македонското Собрание. Во светската историја не постои пример за такво црно велепредавство и политички идиотизам како во случајот на Зоран Заев

Беззаконие = беззаконието и насилно наметрнување на незаконски донесени политички одлуки е основна и единствена карактеристика на заевскиот ум и на неговиот концепт на владеење и управување со државата

Партизација и непотизам = брзопотрезната „шаренореволуционерна“ партизација на државните институции, особено на судството, но и на највиталните и најважни јавни претпријатија и медиуми ја врати Република Македонија, не во југословенската 1945 година, туку во далечните триесетти години на безочното сталинистичкото еднопартиско опседнување, узурпирање и земање на државата во цврсти раце на една неголема политичко-кримогена и семејна клика; на тој начин прибра околу себе цела една стравотна војска лојални партиски и блиски апаратчици, неретко со сосема формални задолженија, изршители на неговата „политика“ и, се разбира, негови идни гласачи; голем број на така „вдомени“ поединци доаѓаат од редовите на заевски апсолутно пацифицираните „невладини организации“, кои сосема го изгубија своето најважно својство и смисла, а тоа е да бидат слободни критичари на власта, па како такви, (пот)купени и продадени останаа само мртва буква на мемлива морална хартија

Демократура = демократура е поим што ја означува грубата диктатура на Заев и на неговата партиска и големоалбанска клика, што се обидуваат диктатурата да ја презентираат како демократија

Кримикратија = дрско и брзопотезно поништување на меѓународното и домашното право, на Уставот и на законите на сите нивоа, владеење на сурови, приватно поврзани интересни групи на чело со Зоран Заев, кои се инсталирани во неговата квинслишка влада и околу неа, и покрај отворените кривични прогони во времето на формирањето на таа и таква влада, што само малку подоцна партизираното заевско судство, во најкус рок, ќе ги поништи една по друга; Зоран Заев, обвинет и судски гонет за мрачен криминален чин на поткуп, документарно посведочен на легално снимениот видео-запис на кој се гледа како уценува и бара поткуп од речиси 200.000 евра, што го има видено целиот свет, бегаше од судските рочишта по тоа обвинение дури 15 пати, сѐ додека не се дограби до власта; неговата прва реченица во македонскиот парламент беше: „Веднаш треба да се смени јавниот обвинител“; тоа Заев го спроведе и неговиот кримен набргу, во еден потег, беше избришан од страна на партизираната судска власт

Самовластие = безочно лично, самостојно донесување најрадикални политички одлуки од судбоносно значење за нацијата и државата, со длабоки, трајни, тектонски драматични последици за националниот, културниот и политичкиот идентитет на македонскиот народ и на Република Македонија, како во случајот на брзопотезното потпишување на заевско-бугарскиот договор, давање јавни лични/приватни ветувања и потоа нивно спроведување на планот за неосновано воведување на македонско-албанска двојазичност на целата територија на Република Македонија со насилно, незаконско и недемократско донесување на тнр. „Закон за албанскиот јазик“, и конечно потпишување на капитулантскиот договор со Грција со кој Република Македонија практично се претвора во најобичен грчки протекторат; сето тоа Заев го направи сам, на своја рака, и во мрачна конспирација со домашните и меѓународни непријатели на македонскиот народ, без воопшто да ја консултира или да ја послуша македонската стручна, научна и академска заедница и пошироката македонска јавност, а некои од најпогубните антинационални и антидржавни одлуки што ги донесе, каубојски ги реализира преку приватни телефонски разговори, како во случајот на неговото безумно прифаќање на промената на Уставот и на името на Република Македонија во лежерен телефонски разговор со грчкиот премиер Ципрас

Квази-космополитизам = тоа е заевскиот и „шаренореволуционерен“ илузионизам и бедна измама и заведување на народните маси, претставувајќи им ги космополитизмот и евро-космополитизмот како највисок степен на модерно граѓанско општество; парадоксот е во тоа што  својата ступидна и неодржлива варијанта на „космополитизмот“, наспроти божемниот „македонски национализам“ Заев ја спроведува во предавнички комплот со најголемите бугарски, грчки и албански национал-шовинисти, кои се со светлосни години далеку од секоја граѓанска доблест и достоинство; имено, космополитизмот во самата негова благородна цивилизациска појавност е апсолутно невозможен и неостварлив, доколку во неговата основа не е цврсто вграден изворниот национален патриотизам и љубов кон својот народ и кон својата татковина; во спротивното, тоа, како во идиотскиот случајот на Заев и ЗАЕВШТИНАТА, е најобична лага, велепредавство и ставање на сопствената држава во потчинета позиција на мизерен, немоќен протекторат на други држави, влади и воени алијанси, и претворање на сопствениот народ во подредена, обезличена, анационална народна маса, како во случајот со, во светската историја невиден, капитулатски и предавнички заевско-димитровско-шекеринскиот договор со Република Грција

Полициска држава = Правната и полициска, дури и физичка одмазда кон политичките неистомисленици и грубо застрашување на јавноста со неоправдани спектакуларни апсења на членови на македонскиот парламент со пратенички имунитет, на видни македонски патриоти, интелектуалци и уметници, како и на обични луѓе што протестираат против уништувањето на својата држава - тоа стана македонско секојдневие во заевскиот полициски систем, што го карактеризираат разни узурпации, политички подметнувања и гебелсовски денунцијантски измислици и лаги за одделни истакнати поединци и политички противници, изложени на мизантропскиот заевски анимозитет, омраза и безобѕирна одмазда; во тоа полициско лудило и вршење постојан притисок врз јавноста Заев отиде најдалеку со неодамнешната сталинистичко-гебелсовска пропагандна небулозна измислица за божемниот внатрешен непријател, платен од Русија преку некои грчки трговци за да предизвикуваат протести и немири во Македонија, со цел Русија да ја оневозможи Македонија да влезе во НАТО, за што, како што изјави Заев, „слушнал“.

Бакнипенкало или Целувка в пенкало = Овие два црнохуморни поими иконографски мошне сликовито ги создаде токму Зоран Заев со својот говор на телото, бакнувајќи го пред целата светска јавност пенкалото на Јенс Столтенберг, како беден подложник и политичка куртизана на еден обичен, минлив и менлив чиновник на милитантната меѓународна организација НАТО. Во случајов, пенкалото на Столтенберг за Заев има сила и ефект исклучиво на фалусоиден симбол, и преставува знак на безрезервно поддавање на телото на подложникот и самопоробеникот Заев во неговата најбуквална смисла, и издигање на моќникот и сопственикот на фалусоидниот симбол (Столтенмберг=НАТО) на ниво на вистински и апсолутен господар на целувачот, т.е. на субјектот чии усни, занесено, страсно го бакнуваат/целуваат „пенкалото“. Инаку, со своето „големо пенкало“ како експлицитен фалусоиден симбол јавно се перчеше и партискиот заштитник на Заев Љубомир Фрчковски кој се закануваше дека сите оние што нема да го поддржат и што ќе му се спротивстават на насилното инсталирање на неговиот протеже Зоран на власт „ќе ги набиел на своето големо пенкало“. На тој начин квислиншкиот премиер Зоран Заев, за внатрешна лична и партиска употреба, секојдневно може (занесено, страсно) да си го бакнува и да си го целува и „големото пенкало“ на г-дин Фрчковски.

25 јули 2018, Republika.mk Online

ЗАЕВШТИНАТА – лексикон н најцрни поими во македонската историја

https://republika.mk/942818