14 мај 2020
ЧАС ПО МАРКО ЦЕПЕНКОВ - Online
До белообразната Татарка Екатерина Захариева
Грлото си го содра од поење, дајте ѝ сега пиење
Кога лажиш кај се пулиш?
Знаит Господ чие масло гори во твоето кандило.
Лажичник и газичник се познаа.
Во јазико мед носи пчелата, а на газо отруачка.
Ако правината не ни поможи, зер кривината ќе ни поможит.
Бог да нѐ чуа од преправени светци.
Водата спие, душмано не спие.
Волко магла барат да дави овци.
Вати го слепецо, извај му очите.
Но белото црно не бидуа.
Не преместуј туѓи меѓи.
Секое пиленце си седи на своето седелце.
Моето е мое, твоето е твое.
Останете збогум и добро видение.
До македонскиот народ
Кој ти 'и изваде очите? - Брат ми. - Затоа толку длабоко.
Ако немаше темница, ич не ќе се милуваше виделината.
Дури не се излажиш, не можеш да се научиш.
Убавите круши, свињите ги јадат.
Ако се сториш овца, секој ќе те стрижит.
Ако ти ја клаат алката на носот, како мечка ќе ми те водат.
Бегајте, нозе, оти газ ве испостра.
Бог да те чуа од домашен арамија.
Ќешке да не се родеше Јуда.
Една суроица една кола грнци искршуат.
За една болва ја изгоре целата черга.
Продал коњо, купил самаро.
Шипје и глоѓе не раѓат грозје.
На свиња бисер не нижи.
Свиња милуе тиња.
(Подготвил Алдо Климан)
14.05.2020, Republika.mk Online
Час по Марко Цепенков - Online
https://republika.mk/kolumni/chas-po-marko-cepenkov-online/