21 јануари 2018

 

ДОАЃА СМРТТА

Песна наместо колумна

 

Доаѓа Смртта,

со катран-очи,

полни со омраза,

без повод и причина.

 

Доаѓа Смртта,

со црна рака,

крената да удри и да удира,

но не и да се pоддаде

за здраво-живо

и за пријателска прегратка.

 

Доаѓа Смртта,

со црни чизми,

научени да газат и да тиранизираат,

не да прескокнуваат од камче на камче

pо зелените македонски поточиња.

 

Доаѓа Смртта.

Ја слушам како се искачува по моите скали,

полека, подмолно, решена за злостор.

Ја чекам со ширум отворена врата,

не ѝ се плашам.

Го имам в раце нејзиното големо Црно Досие,

испишано со името Смрт, Смрт, Смрт,

со крвта и врз грбот на мојот народ.

И нема веќе празни страници!

Има ли нешто пострашно? Не.

И што тогаш значи само уште еден куршум?

Што тогаш значи само уште една македонска смрт,

ако нема барем една страничка

на неа да се напише

ЖИВОТ?

 

21 јануари 2018, Republika.mk Online

Доаѓа смртта

https://republika.mk/874425