22 јуни 2017
ЗАЕВ МУ ЈА ОДЗЕМА СИЛАТА НА МАКЕДОНСКИОТ НАРОД
„Незаконското се прави веднаш, за законското е потребно време”. Овој насилнички и недемократски принцип на времето обмислен од Хенри Кисинџер, кој никому во светот не му донел ништо добро, е подмолно вграден и во бесното и брзопотезно дејствување на Зоран Заев и на неговата квислиншка и големоалбанска влада. Со хистерични и дисфункционални потези на безумник, тој апсолутно најголем и најмизерен предавник во македонската историја, од миг во миг уверливо ни покажува на кој начин бескрупулозно му се одзема силата на народот, зашто нема ниту едно единствено катче од домашната и меѓународната Пандорина кутија што тој не ги отворил за да го пушти на слобода збеснатото антимакедонско зло.
Медиумите спомнуваат сто дена за неговата влада. Но, со неговото незадржливо политичко лудило Република Македонија и македонскиот народ пред себе веќе го немаат ни тоа време, зашто неговата влада очигледно воопшто не е влада, туку хетерогена и крајно аморфна криминално-политичка организација за уништување на Република Македонија.
Зоран Заев е Нерон на Република Македонија, на македонскиот народ, на македонската историја, на македонската култура, на македонскиот јазик и на македонското име. Со секоја нова минутка разурнувачко дејствување на неговата политичка шизофренија на сите страни истовремено и одеднаш се опожарува и се спалува сето она што нѐ држеше и што нѐ држи заедно под еден заеднички покрив како македонска нација, тешко создавана со векови од нашите најголеми, најумни и најхрабри синови и ќерки, и сосема ја поништува нивната незаобиколна голема историска улога и незаборавна лична жртва.
Балканскиот и европски циркуски шут Зоран Заев си зема за право да смета оти со него започнува нашата славна македонска историја и дека со неа може да прави што ќе му текне нему. Таа, за жал, со него може само да заврши. Само едно сосема зашеметено политичко петле како него може да кукурикне од својот избербатен плот и да се упати кон дувлата на острвени лисичи и волчи глутници и со ли(з)гави понуди и прифаќања на сѐ и сешто што тие ќе го речат и што ќе му побараат во намера да ги заев(бе). И Грција, и Бугарија, и Албанија само чекаа таков итрец! Се разбира, тие веднаш си ги повлекоа своите познати црвени линии: да ја нема Република Македонија, да го нема македонскиот народ, да го нема македонскиот јазик, да нѐ нема нас.
За само две-три недели владеење Зоран Заев ѝ даде целосен легитимитет на големоалбанската идеја во Македонија и, освен што со претходно организираниот и извршен државен удар го постави Талат Џафери за спикер на македонскиот парламент, ја наполни својата предавничка и клиентелистичка влада со најдрски застапници на освојувачката големоалбанска идеја, чија крајна и јасно и недвосмислено изразена цел е целосно редефинирање, поделба и уништување на Република Македонија, и бесрамен грабеж на нејзините историски и етнички територии.
За само две-три недели владеење Зоран Заев со своите изјави на најбеден политички аналфабет и со низа најапсурдни потези со неизмерна политичка тежина и далекусежни меѓународни последици на штета на Република Македонија и на македонскиот народ, сосема ја поништи илјадагодишната македонска историја, мачно и со безбројни жртви создавана и достоинствено низ вековите чувана во пазувите на народот како нешто најсвето.
За само две-три недели владеење тој ја фрли во кал најголемата македонска национална епопеја, Илинденското востание, и на поддавалник среде Софија им ја врачи на Бугарите, и тоа токму на Бојко Борисов, најогорчен мрзител и негатор на македонското име, груб негатор на постоењето на македонската историја, на македонскиот народ, на македонското национално малцинство во Република Бугарија и на македонскиот јазик.
За само две-три недели владеење Зоран Заев разгласи и распиша општа кафеанско-панаѓурска домашна и меѓународна лицитација за разграбување на македонските територии и за преименување на недопирливото уставно име на Република Македонија.
За само две-три проколнати недели владеење тој безумник до болка го понизи и го избламира македонскиот народ низ целиот Балкан, низ цела Европа и низ целиот свет.
Зоран Заев, господа, не е нормален. Тој мора итно и без одложување да биде тргнат од функцијата премиер на Република Македонија!
22 јуни 2017 Republika.mk Online
Заев му ја одзема силата на македонскиот народ
https://republika.mk/792183
22 јуни 2017 ЈАДИ БУРЕК
Заев му ја одзема силата на македонскиот народ
http://www.jadiburek.com/sodrzina_detalno.aspx?id=2967
22 јуни 2017 BGNEWS
Зоран Заев отнема силата на македонскияа народ
https://bgnews.online/novini/%E2%80%9E%D1%80%D0%B5%D0%BF%D1%83%D0%B1%D0%BB%D0%B8%D0%BA%D0%B0%E2%80%9C-…
22 јуни 2017 FOCUS NEWS
http://m.focus-news.net/?action=news&id=2407783