„АЛО, АЛО! ОВДЕ ЗЕМЈА!“

Обид за контакт со космонаутот Драги Ѓорѓиев

 

Јапонско-бугарската комисија за македонска историја патува низ својот хаотичен космос без никаков контакт со стварноста.

Знаеме, Втората светска војна заврши со капитулациите на Германија на 7 мај 1945 и на Јапонија на 2 септември истата година, но со тоа, за жал, не заврши војната и за некои јапонски милитантни фанатици или, пак, неинформирани војници по зафрлените јапонски острови, како во случајот на островот Анатахан, каде што останаа под оружје дури до 1947 година, можеби дури и повеќе, водејќи си ја и натаму својата имагинарна војна, и опстојуваа хранејќи се со влакнести шумски стаорци, опасни гуштери и отровни змии.

Ете, таква, сосема идентична, е ситуацијата и со шарлатанскиот македонски „тим“ на заевската тнр. Заедничка македонско-бугарска комисија за историски и образовни прашања, која и натаму упорно се храни со муртински влакнести стаорци, опасни муртински гуштери и отровни муртински змии, и, откако сосема го загубила контактот со стварноста, инкапсулирана во својот глупсонски, од сите страни заблиндиран сдсмовски шатл без прозорче и вентилација, така професионално и морално задушена си патува, и си патува низ некој свој имагинарен квази-научен хаотичен преговарачки космос, кон некоја своја далечна, лудачка, недофатлива цел. Можеби се сеќавате и на она мало ремек-дело на стариот црно-бел филм со дебелиот и слабиот, Олио и Станлио, кои, во екот на војната, оставени да чуваат стража, и сосема загубени во просторот и во времето, упорно стражареа и го чекаа нејзиниот крај, иако таа веќе одмана завршила. Но тие, за волја на вистината, се хранеа малку подобро од Јапонците, со војнички конзерви од кои, кај рововите што ги чуваа од непријателски напад, најпосле се создаде цел еден огромен рид од празни конзерви, поради кои бојното поле веќе не се ни гледаше.

Приказната со јапонските војници, загубени во џунглата на Анатахан, беше навистина тажна, приказната со Олио и Станлио на военото поприште без поприште беше смешна и поучна, но приказната со оваа наша балканска јапонско-бугарска, Олио&Станлио квази-научна „историска комисија“ на својот месечарски „Анатахан“, прејадена од северџански опасно расипани конзерви, која не сфаќа, или фанатично не сака да сфати дека авторитарната велепредавничка власт на Зоран Заев е во тотално внатрешно и надворешно распаѓање, дека е готова, и оти е веќе без трошка тежина и поддршка во меѓународната заедница која квислингот го држеше над вода, а пак нивната „научна задача“ на фалсификатори и искривувачи на историјата е сосема обесмнислена, исцрпена и завршена  - е всушност само неизмерно апсурдна и одиозна.

Еј, заевски космонаути, па зарем од таа височина не гледате дека од другата страна на границата веќе ги нема бугарските фашистички сеништа Борисов, Каракачанов и Захариева. Од кого толку се плашите, кому сѐ уште сте му толку должни и толку поданички верни, кому сте му положиле црна квази-научничка заклетва дека по цена на професионалното достоинството и чест ќе ја фалсификувате македонската историја? Или едноставно и вие сосема сте се фркнале како вашиот простачки налогодавател Заев, и сте си вообразиле дека македонската историја е ваша приватна сопственост, па упорно си го терате магарето по непроодни и непреодни врвици до провалијата?

(„Ало, Ало! Овде Земја!“

Драги читатели, простете, ова беше само уште еден неуспешен обид за контакт со „мозокот“ на заевско-бугарската „братска“ операција „Бугаризација на Македонците“, Драги Ѓорѓиев, и со неговиот марсовски „екипаж“, но, за жал, попусто, нивниот контакт со Земјата и со стварноста е сосема изгубен. Преговарачкиот вселенски брод, со многу сериозна и непоправлива конструкциска грешка, ги однесол ептен предалеку, кон крајните граници на хаотичниот, лудачки, заевски квази-научен космос. Ние, пак, овде долу, на Земјава, во нашава реална Македонија, повремено успеваме да ги чуеме нивните немушти сигнали и зачудувачки ступидни пелтечења, но, за жал, од друга страна, до нив воопшто и никако не допираат нашите сериозни пораки и предупредувања дека неповратно се движат кон Границата на хоризонотот, и оти веќе се на работ од безизлезната фалсификаторска Црна дупка. Проблемот е во тоа што никој оттаму веќе не може да ги врати).

Еве неколку монструозни изјави на „капетанот на одбегнатиот шатл“ Драги Ѓорѓиев и од еден од членовите на неговиот „екипаж“, од етерот фрагметарно фатени на македонските национални радари:

„Воопшто не дискутиравме за Гоце Делчев“, се слуша радио-гласот на Ѓорѓиев. „Морам да кажам дека во последните три средби ние не гледаме некоја желба за напредок кај бугарските колеги по таа тема. На претпоследната сесија ние рековме ајде да дискутираме за Гоце Делчев, меѓутоа бугарските колеги го одбија тоа“.

Е па, зошто, бре „космонаутски шефе“ Ѓорѓиев? Зарем имаш бугарско шило во газот та ти на Бугарите да им го туркаш Гоце Делчев како тема на поддавалник, кога тие самите тоа го одбиваат од некои свои подмолни тактички причини?

На снимката гласот на „астронаутот“ Ѓорѓиев вели и нешто вакво ступидно, во врска со идиотскиот  предлог од некој си австриски европратеник Андреас Шидер за вклучување тројца надворешни експерти историчари во работата на Комисијата:

„Ние предложивме“, вели радарски снимениот ступиден глас на Ѓорѓиев, „да бидат вклучени двајца експерти кои се запознаени со проблематиката на Балканот, но кои во исто време и работеле со големо искуство на надминување на вакви симболични политичко-историски спорови меѓу одредени нации и држави. Меѓутоа тоа беше категорично одбиено од бугарска страна“.... И, малку испрекинат од меѓуѕвездената оддалеченост на заблудениот квази-историчарски вселенски брод од Земјата, истиот ступиден глас на Ѓорѓиев додава: „Лично сметам дека една таква медијација, едни такви неутрални аутсајдери... би рекол... кои не се дури емотивно внесени во овој проблем... би можеле да бидат од корист на комисијата“.

Ок, преокупиран со неизмерно важните заевски „космонаутски“ прашања и задачи, Ѓоргиев не мора да знае дека, иако буквалното значење на зборот „аутсајдер“ во англискиот и во македонскиот јазик е исто, смислата им е сосема различна. На пример, во македонскиот јазик смислата на зборот „аутсајдер“ е еквивалентна на името на Драги Ѓорѓиев, значи некој од кој нема никакво чаре. Вистински научни аутсајдери се, да речеме, и сите членови на таа заевска слугинска „Комисија за историја“. А освен тоа, македонскиот народ и инаку премногу долго и премногу крваво страдал и страда токму од разни такви туѓински помочани генијални „аутсајдери“, „медијатори“ и „европратеници“, разни Нимици, Ханови, Могериниевки, и други големи „стручњаци“ за нашата македонска историја и за нашиот македонски идентитет.

... Во еден момент, на радарските снимки од далечниот квази-научен и квази-историски космос се уфрли и гласот на „копилотот“ Петар Тодоров, кој вели нешто во оваа смисла, во најмала рака чудно, а секако блесаво: „ Сo жалење можам да кажам дека во однос на бугарската страна политиката ни предизвикува сериозни пречки во работата на Комисијата. Политиката не треба да прави пречки, туку да создава услови за градење на добри односи“.

Бре, какви зборови - мали за Тодоров, но уште помали за човештвото! Сите стручни анализи на оваа негова месечарска изјава, долетана на ултра-кратки бранови некаде оддалеку од нивната квази-научна галаксија низ која безизлезно и безизгледно плутаат во својата херметична капсула, подгонувана на апсурден заевски велепредавнички погон, покажуваат дека овој мудар јапонско-бугарски мислител/преговарач сѐ уште не го сфатил она од вицот за Мујо и Хасо: „Абре будали, па вие токму затоа сте ставени таму да ѝ слугувате на највалканата  политика, онаа заевска, велепредавничка, и, од друга страна, на предаторската големобугарска политика!“ - и дека сите тие „се вработени“ токму од политиката за што попослушно и што поуспешно да ја искриват и да ја исфалсификуваат историската вистина за Македонија, и официјално, пред целиот научен свет, да патентираат и да инаугурираат една сосема нова, досега непозната, невидена и, за нас обичните смртници тешко сфатлива, научно-историска област под името „Договор(е)на историја“.

. . .

„Ало, ало! Овде Земја!“

Не, пак ништо, нема контакт, сигурно ги голтнала квази-историската Црна дупка. Но ако им е. Налет да се сторат. Си имаме ние овде во Македонија други, одлични историчари, кои не ја прават историјата според нечии фантазмагорични политички опсесии и директиви, туку пишуваат на оној вообичаен, општопознат и општоприфатен научен начин, врз основа на цврсти историски факти и аргументи, врз основа на непобитни историски вистини и длабински мултидисциплинарни истражувања на минатото на македонскиот народ. Ним и на нивните научни дела ние им ја даваме сета своја граѓанска и интелектуална доверба и поддршка. Од нив и од нивните книги за Македонија и за нејзината историја ќе учат нашите деца и нашите внуци, и нивните деца и нивните внуци.

 

25 април 2021

https://m.facebook.com/story.php?story_fbid=126343852886546&id=107534494767482&_ft_=mf_story_key.126343852886546%3Atop_level_post_id.126343852886546%3Atl_objid.126343852886546%3Acontent_owner_id_new.107534494767482%3Athrowback_story_fbid.126343852886546%3Apage_id.107534494767482%3Astory_location.4%3Atds_flgs.3%3Aott.AX8ZrtmGvBHpdSyn%3Apage_insights.%7B%22107534494767482%22%3A%7B%22page_id%22%3A107534494767482%2C%22page_id_type%22%3A%22page%22%2C%22actor_id%22%3A107534494767482%2C%22dm%22%3A%7B%22isShare%22%3A0%2C%22originalPostOwnerID%22%3A0%7D%2C%22psn%22%3A%22EntStatusCreationStory%22%2C%22post_context%22%3A%7B%22object_fbtype%22%3A266%2C%22publish_time%22%3A1619431710%2C%22story_name%22%3A%22EntStatusCreationStory%22%2C%22story_fbid%22%3A%5B126343852886546%5D%7D%2C%22role%22%3A1%2C%22sl%22%3A4%2C%22targets%22%3A%5B%7B%22actor_id%22%3A107534494767482%2C%22page_id%22%3A107534494767482%2C%22post_id%22%3A126343852886546%2C%22role%22%3A1%2C%22share_id%22%3A0%7D%5D%7D%7D&__tn__=%2C%3B