18 јануари 2018
ПОРАКА ОД ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ ДО ЈЕНС СТОЛТЕНБЕРГ:
„ЈАС ГО РАЗБИРАМ СВЕТОТ КАКО ПОЛЕ
ЗА КУЛТУРЕН НАТПРЕВАР МЕЃУ НАРОДИТЕ“
Деновиве сведочиме на повторно засилено политичко насилство врз македонскиот народ и врз неговите институции од страна на меѓународната заедница, од НАТО и од внатрешниот дрзок и безобѕирен големоалбански фактор, подеднакво како во времето кога со постојани, најразлични груби, недемократски, нецивилизирани и апсолутно непристојни притисоци и закани (со санкции) кон Република Македонија и кон највисоката институција во државата, претседателот Иванов, го изнудуваа мандатот за квислингот Зоран Заев. Од тогашната „општа голема грижа“ за „уривање на режимот“ и „создавање граѓанско општество“, или „Македонија за живот“ едноставно не можеше да се дише. Боже, кој сѐ не се довлечка тогаш во Скопје да ни држи лекции за тоа како функционира демократијата: од хиперамбициозната евроминистерка Федерика Могерини, па неизбежниот еврососедски паша и субаша Јоханс Хан, па сѐ до „супердемократот“ Хот Ји, а за агресивната, хистерична суперактивност на внатрешните и надворешните големоалбански политичари и на внатрезаевските амбасадори, купувачи и наговарачи на поткупливите, Бејли, Жбогар, Тимоние и други и да не зборуваме. Еве, уште во ушите ни ечат нивните упорити, насилнии бучни медиумски и директни гмечења и гнетења: Ајде, нема време за чекање! На Заев веднаш мора да му се даде мандат за составување влада! „Вашата земја“ мора да започне со реформите! Евроатлантските интеграции чекаат на „вашата земја“! На Европа и на НАТО им се брза да ве интегрираат! НАТО и Европската заедница ве чекаат! Времето лета, нема време за губење! Морате да сфатите како функционира демократијата!
Најобични безобѕирни лаги и глупости, подмолни подбуцнувања и заведувања на народот! Никогаш како денес меѓународната заедница, и особено во случајот на Република Македонија, не била толку морално бедна, болна и без трошка чест и хуманистичка свест и совест!
За илустрација како се однесуваат таа „демократска Европа“ и „демократската меѓународна заедница“ кога се работи за нивната кожа ќе го наведам само суперпримерот на Германија каде што на 24 септември 2017 година се одржани парламентарни избори на кои унијата ЦДУ/ЦСУ на Ангела Меркел не успеа да оствари апсолутна победа, па беше принудена да влезе во преговори со противничката партија СПД на Мартин Шулц за создавање голема коалиција. Замислете! - од одржувањето на изборите поминаа цели три ипол месеци, и дури пред неколку дена, на 12 јануари годинава, Меркел и Шулц „се согласија допрва да започнат со преговори“, а, како што најавуваат, конечниот договор евентуално би можел да се очекува пред крајот на март. Видете, се работи за цели седум (со бројка: 7!) месеци (а можеби и повеќе) што двете страни ги имаат на располагање да бараат и да изнајдат решение за парламентарната криза и за кризата на германската влада, и никому, ниту на Жан-Клод Јункер, ниту на Федерика Могерини, ниту на некојси Јоханес Хан, ниту на Хот Ји, ниту на Јенс Столтенберг не им текнало да трчаат во Германија, да гнетат и да гмечат, или пак да прозборат нешто, а не безобразно и безобѕирно да врескаат „Ајде, ајде, нема време за чекање! Времето лета, нема време за губење!“ Тоа е затоа што вистинските демократски процеси каде и да се одвиваат, во Германија или во Македонија, бараат реално време нештата да созреат, и да се доведат во ред и во рамнотежа, а не страните вклучени во тие политички деликатни односи и процеси да се тераат со камшик на изнудени решенија во интерес на третти страни.
А спомнете си само што ѝ правеа на Република Македонија?! Па сите знаеме, не морам никого да потсетувам на тоа подмолно и срамно време, во кое ги слушавме истите ступидни покличи и од нашите домашни „револуционери“, „евро-атлантски интегративци“ и „борци за граѓанско општество“, меѓу кои го издвојувам „славниот“ поклич на една врескава фекјсбук-револуционерка, артистката Синоличка Трпкова: „Абре, што ќе јадете Македонци?!“
Е па еве, се виде што „јадеме“ сега и што во три шах-мат потези ни зготви вашиот голем квислиншки готвач Зоран Заев кон кого беа упатени сите ваши „револуционерни“ молитви и покличи! На шведска маса имаме распослана долга листа шовинситички и отровни големоалбански јадења од Тиранската платформа. Се разбира, со „Законот за албанскиот јазик“ засега го добивме само топлото предјадење. Главното мени допрва ни следува. Офлеле, нема само да се најадеме, зашто веќе и се прејадовме од милитантниот големоалбански политички примитивизам, од нивното политичко насилство, од незаконско и неуставно однесување, и нескриена етничка омраза!
А еве, вие што толку се плашевте во нашата убава и богата Македонија да не останете гладни, да видиме што натаму се служи на големата галантна предавничка Заевска трпеза: најнапред, со Заевско-бугарскиот договор на Република Бугарија најасервилно и најпонижувачки на поддавалник им беа послужени нашиот национален идентитет, нашите обесправенисестри и браќа, Македонки и Македонци што живеат во Пиринска Македонија и во Република Бугарија, нашето македонско име, нашата македонска национална историја и култура и нашиот преубав македонски јазик. Состојба на залихите од тоа јадење на трпезата: Веднаш изедено! - лапнато од големобугарските апетитлии и гурмани, од разни болни Џамбаски до хистерични Каракачанови, а за нас, за македонскиот народ, и за вас, госпоѓо артистка, и за вашите плиткомисленици - остана само меѓународниот суперспецијалитет – белите бубрези. Повелете, послужете се, и уживајте!
На другиот крај на Заевската големопредавничка трпеза на „врлите Грци“ штедро им се сервира нашето свето име Република Македонија, со сите раскошни прилози: нашиот многуброен македонски народ што живее во Егејска Македонија и во Република Грција, нашата македонска национална историја, како најголемата предавичка лото-награда за Грците, нашето национално име - Македонка, Македонец, и уставното име на нашата татковина Република Македонија. Состојба на залихите на тоа јадење на Заевската трпеза: резервирано за грчките мезетлии, мрзители на македонскиот народ и на сѐ што е македонско, и само се чека момент „јадењето“ уште малку да „искрчка“ па во сласт да биде изедено!
Сево ова нѐ враќа на нашата воведна тема која е кратка и јасна: повторно засилено меѓународно и внатре-големоалбанско насилство и притисок процесите на уништувањето на Република Македонија што поитно да се доведат до крај за да се исполнат евро-атлантските и големоалбанските агенди. А мотивот околу кој сето тоа актуелно се врти е менувањето на уставното име на Република Македонија.
Врвулицата најнапред започна со „изјавата“ на „владата“ по повод разбирливото и сосема оправдано одбивање на претседателот Иванов да го потпише неуставниот Закон за употреба на јазиците (те. Законот за албанскиот јазик). Тоа јавно обраќање на „владата“ не е ништо друго освен прераскажана срцевина на големоалбанската Тиранска платформа, прилагодена за македонски и меѓународни уши. Во некоја многу скорешна иднина ќе дознаеме и кој ја составил таа „изјава“, таа гнила политичка кора од банана на која треба да се лизнеме; од неа многу едноставно исцело ја читаме големоалбанската ментална и политичка синтакса што кон јавноста сака да се прикаже во бели ракавици, а под нив носи груб и смртоносен метален боксер. Навистина, на таа ептен примитивна и приземна политика никако не прилегаат бели ракавици, но иако во „изјавата“ не е тешко да го детектираме тој големоалбански ракопис во превод на македонски јазик, со кој и инаку наголемо и нашироко и насекаде се потпишува сегашнава квислиншка влада, треба да се признае дека таа и таква големоалбанска политика на бедно цимолење, солзење и преправање пред појаките, пред меѓународната јавност и пред големите сили, а невидена племенска дрскост, грубост, агресивност и елементарен примитивизам во односот кон поблагите и покревките, ги дотуркала многу далеку, дотаму како обична малцинска заедница во Република Македонија, веројатно денес и со под 20% население, да ни управуваат со државата и низ неа и со неа да праваат што ќе им текне.
Од друга страна, пак, безидејните разговори на медијаторот Нимиц со македонскиот и грчкиот преговарач, освен што повторно кренаа многу прав во јавноста, - зашто правта околу Македонија, нели, никако и не смее да се слегне во ниту еден момент (!), - и повторно создадоа психози оти нешто важно се случува, - зашто околу Македонија и мора постојано нешто важно да се случува (!) – едноставно не можеа да вродат со никаков поинаков плод, освен со безидејнии штири дипломатски дрдорења. На ова место си спомнувам за еден пријател, ценет дизајнер, кој купил преубава, стара куќа. Со денови, со недели, со месеци размислувал како да ја преуреди, нешто да смени, да прилагоди, сѐ додека не сфатил дека нема што да се менува зашто куќата е совршено изградена, и естетски и функционално. Настанала природно, органски, од внатрешната потреба на нејзините градители кои во неа вградиле сѐ што му е потребно на еден убав, топол и функционален дом. Така е и со Република Македонија и со нејзиното име, создадено природно, органски, низ вековните историски процеси, одамна легнато на своето место, во своето цивилизациско лежиште, таму кај што му личи да биде, на мапата на културите и народите на светот. Само ординарни глупаци и политички неранимајковци сакаат или прифаќаат да го преправаат нашиот Дом, симболизиран во името на нашата татковина Република Македонија. Нејзиното име е нашиот Дом во кој мебелот можеме и да го разместуваме и да си купиме нов – но Домот, името Република Македонија е онаков каков што треба да биде и ја одразува сета топлина и историска и културна длабочина на македонскиот народ. Името на една држава не се создава за еден ден, за една или 27 години, по некои хотели или канцеларии. Тоа е стебло израснато низ вековите, и ако сега некој идиот го искорне - таму ќе остане само голема, ужасна, мрачна дупка. Тоа не смееме да го дозволиме. Тоа наше големо, разгрането, старо, дедовско, столетно стебло, олицетворено во името Република Македонија, треба сите да го чуваме до последниот човек и до последниот миг на овој свег.
Но секогаш кога станува тесно и нерешливо, а нерешливо е сѐ што е спротивно на логиката, ете ти ги во Македонија „видните“ мисионари од НАТО и од Америка или Европа. Сега, пак на сила, на зорт, се загустија работите околу името на Република Македонија и веднаш, за да притисне и да потсети на големата воена моќ, ни дотрча Столтенберг, во исто време додека во Њујорк се водеа неплодни, мачни грчко-македонски преговори. Ја гледам госпоѓа Шекеринска како од уво до уво радосно му се смее на Јенс Столтенберг и се прашувам: зошто? Кој е Столтенберг во нашиот живот? Што тој ни значи нам? Што добро ќе ни донесе? Па тој е само еден воин и милитантен воен политичар кој има задача да си создаде што поголема платеничка војска што ќе гине низ светските попришта. Од кога ние Македонците сме станале толку воинствена нација па да умираме по НАТО, и особено македонските социјалдемократи? Тоа, „сицјалдемократке“ Шекеринска, и вие „социјалдемократу“ Заев, е невидено и претставува ваш огромен идеолошко-политички дефект, всушност ужасна деформација, што може да се објасни само со тоа дека сте измамници на обичниот човек од левиот дел на македонскиот политички спектар. Кај го има тоа, освен во лудилото, вие левите и да не можете да го замислите животот без милитантните десни? И што е воопшто тоа што определи да се врзуваме за таа воена алијанса? Затоа ли што можеби ќе нѐ чуваат од некого што има, или ќе има намера да нѐ нападне и да ни нанесе зло? Од кого ќе нѐ брани, од Русија ли, или од Кина, од Бразил или Папуа Нова Гвинеја? Па најголемото возможно зло на најодвратен можен начин ни доаѓа токму од членките на НАТО, од Бугарија, од Албанија и од Грција? Токму тие сакаат да нѐ нема и прават сѐ тоа да го спроведат до крај, до наше целосно исчезнување. Зарем НАТО ќе нѐ чува од НАТО? Лисицата ќе го чува пилето? Ма ве молам!
Според мене НАТО го нема тој голем кредит на македонскиот народ да му го одземе целиот останат свет, со сите негови прекрасни цивилизациски вредности, одземајќи му го пред тоа, посредно, и неговото историско име и историското и уставно име на Република Македонија, и само затоа за да го прошири и да го зацврсти својот воено-стратегиски простор и да ја зголеми својата моќ над народите.
Мои идоли, мил мој македонски народе, не се ниту НАТО, ниту Јенс Столтенберг. Мој вечен идол е најголемиот македонски борец за национална слобода и социјални и човечки правдини Гоце Делчев, со својата прочуена универзална и бесмртна цивилизициска мисла: „Светот го разбирам како поле за културен натпревар меѓу народите“.
Не НАТО, и не ЕУ, не Нимиц, ниту Столтенберг, туку нашата татковина Република Македонијае таа што цврсто нѐ прегрнува и што како мајчичка грижливо нѐ чува со сета своја душа, со сето свое тело, со своето убаво мајчинско име и со сите нас Македонки и Македонци што сме дел од тоа славно и свето име што никогаш и за ништо на светот не смееме да го изневериме и да го предадеме!
18 јануари 2018, Republika.mk Online
Порака од Гоце Делчев до Јенс Столтенберг:
„Јас го разбирам светот како поле за културен натпревар меѓу народите“
https://republika.mk/872796