РАНИТЕ НА МАКЕДОНИЈА
Доста ни е веќе од тоа секој Велигден официјално да ни го честитаат оние црни Јуди што ни ја распнаа Македонија! Ајде да си ја симнеме од Крстот нашата најмила Мајчичка. Ајде да ја Воскреснеме во сета нејзина Светост и Убавина.
Раните на Македонија се страшни. Нема кој не стрелал во неа, нема кој не го заринкал во неа своето подмолно неверничко копје или нож на безочен убиец. Нема кој не го изживувал врз неа сиот свој освојувачки бес или своето дивјачко лудило. Раните на Македонија се смртни и нема да ни преживее ако веднаш не ја симнеме од Крстот, а нејзините крвави, болни и неподносливи рани темелито не ги исчистиме од страшниот отровен гнас насобран во нив.
Најрешките рани, најсмртоносните рани на Македонија ѝ ги зададе опасниот уличарски шизофреник Зоран Заев, кој, имајте го тоа на умот, во своето самозаљубено Зло секогаш оди до крај, до смрт, и притоа не одбира средства. Само погледнете го Лудакот: зарем има други попрецизни зборови што би можеле да го опишат. Таква немерлива доза на еруптивно, вулканско, неконтролирано лудило и расипаност до коска не запознало човештвото. Тој едноставно е и ќе остане најпрепознатливиот и најголем политички монструм на овие најтажни, најдолни, најпонижувачки години за Македонија, со него безизгледно заталкана по беспаќа и безизлези.
Народе македонски, и сите граѓани на нашата татковина, да ги собереме сиот свој човечки кураж и сета сила што потиснато тлеат во нас, моќно и бескомпромисно да се исправиме, и решително да го исчистиме тој ужасен змиски отров што и натаму секавично и незапирливо се шири низ болните рани на нашата Македонија, низ раните на нашето згазено Срце. Крвотокот на Македонија, секоја нејзина артерија, секоја нејзина вена, до последната жиличка и до последниот капилар се затруени од неговото невидено, неспитомливо лудило и од жед по зло само по себе. Не, не можат, мили мои, на нашата преубава и преблагородна Македонија веќе да ѝ помогнат само инфузии на повремени дневни побуни, колку и да се добро организирани, колку и да се масовни, искрени и уверливи во своите пораки, и особено не млакото, разводнето, здодевно парламентарно политикантство и опозиционерско дрдорење. На Македонија ѝ треба решителна, најсилна, најжестока политичка и ментална трансфузија. На Македонија ѝ треба голема, радикална промена, и тоа: радикално, итно, веднаш, денес! Утре ќе биде предоцна, зашто карциномот на заевштината веќе предолго трае и земал преголем смртоносен замав во сите зафатени витални ткива на Македонија. Тешката миризба на некрозата на државното и национално битие кое е на умирачка ужасно се чувствува во сите делови на нејзиниот општествен, политички, економски, меѓунационален, меѓуконфесионален, меѓународен, културен живот, како и во секојдневниот живот на обичниот човек.
Доста ни е веќе од тоа секој Велигден официјално да ни го честитаат такви црни Јуди што ни ја распнаа Македонија!
Ајде, сестри и браќа, да си ја симнеме од Крстот нашата најнежна, најмила Мајчичка Македонија! Ајде за сите времиња да ја Воскреснеме во сета нејзина Светост и Убавина!
2 мај 2021, Facebook.com/aldo.kliman/