24 август 2017

 

СЕГА СЕ ИГРА ТЕШКОТО, НАШЕТО ОРО СТАРИНСКО

Наместо колумна, само две немодерни песни

во модерното евро-атлантско време

 

 

НАРОДНА. МАКЕДОНСКА

 

Тагата пеј ми ја, Божице,

на жална Македонија,

душата што си ја раздаде

за божева убавина.

 

 

ПОСЛЕДНОТО ОРО

 

Не стој настрана, не тупкај,

не гледај само, фати се.

Се игра оро старинско,

твоето оро татковско,

нашето оро Тешкото,

играно и опеано,

последно оро судбинско.

 

Тапаните идат кон тебе,

зурлите пиштат по тебе;

тапаните трештат оттаму,

зурлите пиштат одваму.

Се рони земјата, трепери,

се дроби на сите страни.

Не стој така настрана,

не тупкај, не се препуштај,

не гледај само, фати се.

 

 

24.08.2017 Republika.mk Online

 https://republika.mk/813709

 

24.08.2017 Јавно.мк Online

 http://javno.mk/kliman-sega-se-igra-teshkoto-nasheto-oro-starinsko/